Жртвите биле припадници на народот Хереодо и Нама, кои биле убиени во текот на колонијалнаото владеење на царската Германија во денешен Намибија.
За повеќето историчари, овој геноцид се смета за прв во 20 век.
Германија од 1884 до 1915 година владеела со предел кој тогаш ја нарекувал Германија Југозападна Африка и бил на денешен Намибија.
Според некои проценки, единиците на тогашната царска германска армија убија повеќе од 100.000 припадници на народот Хереро и Нама. Особено голем број беше убиен помеѓу 1904 и 1908 година во текот на востанието на народот Хереро против колонијална власт.
Костките на убиените по разни патишта дошле во Германија, каде што служеле за експерименти кои сакале да докажат супериорност на белата раса. Денес многу черепи и коски се наоѓаат во приватна сопственост.
Посмртните останки биле предадени на свечената церемонија.
„Заедно со наследниците на жртвите сакаме да го зачуваме споменот на жртвите, да се заложиме за јавно признавање на овој чин како геноцид и да се соочиме со последиците на неправдите направени во текот на германската колонијална влада“, рече Петра Босе-Хубер жена-бискуп на германската протестантска црква на церемонијата во т.н. Француската црква во Берлин.
„Моите преци треба да бидат погребани во земјата на нивното потекло“, изјави Uerika Festus Tjikuua, една од потомците на жртвите.
Церемонијата на примопредавање на помртните остатоци беше проследена со протести на кои се бараше од германската влада да исплати отштета за жртвите, што германската влада го одбива.
Преговори за обештетување веќе се водени меѓу владата на Германија и Намибија, а во Њујорк група потомци на жртви поднесоа обвиненија бидејќи сметаат дека не се доволно вклучени во овој процес.





