Во демантот до кризниот штаб на „Македонија бојкотира“ МВР истакнува дека ги отфрла шпекулациите и извртувањата на интервјуто на министерот Спасовски за МИА.
„Во интервјуто министерот Спасовски јасно кажува дека и тој како и сите граѓани на Република Македонија следат што се случува во однос на референдумот, односно поставеноста на политичките структури во однос на референдумот, а меѓу нив и на платформата „бојкотирам“, кои имаат легитимно право да излезат со свој став. Граѓаните, исто како и Спасовски, ги следат политичките случувања, што во никој случај не значи полициско следење, како што некој сака да манипулира“, пишува во реакцијата на МВР.
„Најостро ги отфрламе шпекулациите и извртувањата за наводно прислушкување и следење на членовите на оваа платформа и апелираме доколку сакаат да го привлечат вниманието на јавноста тоа да го сторат на друг начин, а не преку ширење на лаги и дезинформации“, реагира МВР.
Што точно кажа Спасовски во интервјуто во кое е претставен како министер а не како граѓанин.





