Командата на Американската армија во Европа го отстрани видеото од вежбите на воениот полигон Криволак, на кое пишуваше дека американски војници вежбале заедно со „северномакедонските војници во Северна Македонија“.
Не е јасно како е направена грубата грешка имајќи пред вид дека САД во 2004 година ја призна Република Македонија со уставното име.
Видеото беше објавено вчера.





