Двајца македонски државјани годинава побарале азил или меѓународна заштита.
Властите во Рејкјавик објавија дека годинава се намалил бројот на баратели на азил на само 370 странци а од нив иако предходните години имало поголем број, од јануари до јули само двајца биле македонски државјани.
По Ирачаните најголем број баратели на азил на Исланд се од Албанија и од Грузија.
Причината зошто оваа година има за три пати помалку баратели на азил во оваа островска земја е намалениот период за чекање на одлука за барањата.
Најчесто азилантите одат во земји каде процедурите траат подолго време со што и тие можат подолго време да останат во земјата.





