Повеќе од 350 американски медиуми ги осудија и ги отфрлаат критиките на американскиот претседател дека новинарите се непријатели на народот кои шират лажни вести.
Марџори Причард, уредник на бостонскиот весник „Глобус“ вчера најави дека 350 медиуми денеска ќе објават (или вчера веќе објавиле) уводници против претседателот.
Весник од Северна Каролина пишува дека „се надеваме дека поддржувачите на претседателот ќе препознаат што тој работи – манипулира со реалноста за да го добие она што го сака“.





