Седум компании, меѓу кои и од Македонија, се меѓу потенцијалните инвеститори што пројавија интерес на тендерот за стратешки партнер на Рударско-топлничарски басен Бор во државна сопственост, соопшти претставник на Владата на Србија.
Покрај од Македонија, компании од Бугарија, Србија, Русија, Канада и Кина, ја подигнале тендерската документација досега, изјави за приватната Прва ТВ државниот секретар во српското Министерство за економија, Драган Стевановиќ.
„Со оглед на глобалните економски трендови и нашето искуство со ‘Железара Смедерево’, верувам дека кинескиот инвеститор може да се дефинира како најсериозен понудувач“, рече Стевановиќ.
Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ во март соопшти дека кинеската Група за рударство ‘Зиџин’ изразила интерес за инвестирање 100 милиони долари за модернизација и за реструктурирање на РТБ Бор.
Српското Министерство го распиша тендерот за стратешки инвеститор минатиот месец, а крајниот рок за доставување понуди е 20 август. Стратешкиот партнер треба да инјектира 350 милиони долари во капиталот на компанијата и да ги задржи сите 5.000 работници.
РТБ Бор е единствениот производител на бакар и на благородни метали (злато и сребро) во Србија.





