На прашањето каков е вашиот став за референдумот, 44,7 граѓани одговориле дека се против Договорот со Грција, од кои 22 ќе го бојкотираат референдумот, а 22,7 отсто ќе излезат, но ќе гласаат „против“ на референдумот на 30 септември, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС).



Според анкетата, 43,2 отсто од граѓаните би гласале „за“ Договорот со Грција , а 12 отсто не знаат како ќе гласаат.

Меѓу етничките Македонци 32,4 отсто се изјасниле дека ќе гласаат „за“ преспанскиот договор со кој името на државата се менува во Република Северна Македонија, а меѓу Албанците „за“ договорот се 80,9 отсто, објави МКД.Мк.

Анкетата е спроведена помеѓу 6 и 10 август на 1.110 полнолетни испитаници.