Порака „Бојкотирам“ и на стадионот во Франкфурт

Македонската дијаспора на најразлични начини го искажува својот став за бојкотирање на референдумот за договорот Заев-Ципрас за преименување на татковината во Северна Македонија, па порака со таква содржина осамна и на трибините на стадионот „Комерцбанк арена“ во Франкфурт.



Фотографијата ја сподели глобалното македонско движење „Ние сме Македонија“, кое е во првите редови, заедно со Обединета македонска дијаспора, против плебисцитот во Македонија закажан за 30 септември.

„Отпорот продолжува!“, порачуваат од „Ние сме Македонија“, истовремено поттикнувајќи ги поддржувачите да испраќаат нови фотографии во прилог на кампањата против изјаснувањето на македонските граѓани „за прашања што не заслужуваат одговор“.