Вицепремиерот за Рамковен денеска не се појави на одбележувањето на 17 годишнината од Рамковниот договор потпишан во 2001 година во Охрид, по кој паравоената ОНА се транформираше во политичката партија ДУИ.
Хазби Лика бил поканет но не дојде на трибината „Патот до Брисел преку Охрид“ на која говореа премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Причина за отсуството на вицепремиерот, наводно е кавга со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Неофицијално, поради ова, Хазби Лика и подолг период не се појавува на работното место.




