Само една недела откако владата го поништи тендерот за доделување на финансиска поддршка за лансирање на нови дестинации,„Виз ер“ ја укина продажбата на билети за двe од своите авионски линии надвор од Македонија, објави порталот „ExYuAviation“.
Нискобуџетниот авиопревозник ја прекина продажбата на билети за Скопје-Барселона од 26 октомври. Исто така, ја прекина продажбата на билети за своите летови од Охрид до Лондон од 24 октомври.
„Виз ер“, ќе ги прекине и летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември, поради слабата побарувачка. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети е прекината.





