Амбасадата на САД во Белград со специјално видео им го честиташе на граѓаните на Србија денот на кој е воспоставено сојузништвото меѓу двете земји.
Видеото во кое се споменуваат најпознатите Срби во историјата а во кое главната порака е “Вие сте светот”, се емитува и преку Српската национална телевизија.
На 25 јули 1918 година за прв пат српското знаме било развиорено на Белата Куќа и тој датум се смета за формален почеток на српско-американското сојузништво кое беше прекинато во 1999 година со војната на НАТО предводена од САД против Милошевиќ.





