Нов скандал во МВР, лажеле дека апсат членови на ИСИС

Американското министерство за одбрана го откри најновиот скандал во МВР.



Откако вчера медиумите беа брифирани дека во полициска акција на МВР биле лишени од слобода 7 припадници на ИСИС кои се бореле во Ирак денеска се открива дека седумтемина веќе биле уапсени и биле чувани по затвори во Ирак и Сирија, по што сојузниците само ги префрлиле во затвор во Скопје.

Вистината е дека Македонија само се согласила да ги прими односно да изврши репатријација а не дека МВР ги лишила од слобода.

МВР во своите брифинзи никаде не кажа дека се работи за репатријација туку дека во акција тие се лишени од слобода иако веќе биле притворени.


Од извештајот на ТВ Телма

Пентагон денеска ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани, кои како странски платеници се заробени во Сирија. МВР вчера соопшти дека во заедничка акција со Командата на Глобалната антитерористичка коалиција и Сириските Демократски Сили приведе седуммина македонски државјани, кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак.

Портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон, за Си-Ен-Ен изјави дека Сириските Демократски Сили до јули имаат заробено 600 странски платеници од повеќе од 40 земји. Меѓу нив, според овој американски морнарички командир, имало околу 40 платеници од Русија, 10 од Германија и помал број од Франција. Не е прецизирано дали меѓу нив освен седуммината има и други македонски државјани.

Репатрираните борци биле уапсени од единици од Сириските демократски сили, пренесува државната агенција МИА.

Портпаролот Ерик Пахон, пак, за „Вашингтон тајмс“ изјави дека, Македонија покажа пример за сите членови на Глобалната коалиција како да се порази ИСИС и нагласи дека странските терористички борци не се само проблем за Сирија или за регионот, туку, како што објасни, тие се глобален проблем што бара глобална соработка.

Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016), соопшти МВР.

Најновиот скандал во МВР се случува само 6 дена откако еден од највисоките функционери шефот на БЈБ беше фатен како со службено возило ја носи ќерката на грчки плажи.