Против промената на името во Република Северна Македонија се 53,6 отсто граѓани наспроти 42,3 проценти кои се согласни со промената, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект.



Слично е и со дефиницијата за државјанстовото (nationality) со што не се согласуваат  56,2 отсто, а согласни се 38,3 отсто.

Најголема е несогласноста со опсегот на употребата (ерга омнес): 57,1 отсто се против наспроти 35,5 отсто кои се согласни, како и за промената на Уставот  – 58,9 отсто наспроти 35,1 отсто.

Но, поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договрот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажува анкетата.

Мнозинството анкетирани односно 66,4 отсто изјавиле дека ќе излезат да гласаат на референдумот, додека 19,8 отсто се веќе определени да се придружат на иницијативите за бојкот на референдумот. 11,9 проценти се уште немаат одлучено, пренесува МИА.

Анкетата била спроведена во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година.