Горазд Росоколија, македонски експерт од светски глас во областа на невропатологијата и невроимунологијата, не може да ѝ се изначуди на сè уште бројната толпа во Македонија што го следи „слепиот водач кон амбисот“.
„Се посветивме на создавање вредности со кои генерациите што доаѓаат ќе се идентификуваат, за една шака јадници да го избрише создаденото, да ја избрише историјата што низ генерации сме ја создавале како Македонци и да ги избрише од постоење македонската нација и македонската држава.
Кога мислиш дека веќе на сите сѐ им е јасно, те изненадува дека сè уште е бројна толпата која го следи слепиот водач во амбис на сопствена духовна и материјална мизерија и се прашуваш зошто, како е можно?“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ професорот на Универзитет „Колумбија“ од Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.





