Припадници на македонската дијаспора од САД се огласија со повик за бојкот на референдумот во Македонија за договорот Заев-Ципрас, закажан за 30 септември.
Членови на Македонско движење за човекови права од Њујорк и Њу Џерси од пред манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рандолф, Њу Џерси, ги повикаа „сите вистински Македонци да го бојкотираат референдумот за промена на името“. Тие истовремено изразија и осуда на „политика на Зоран Заев“.
Активисти на Лига на македонски Американци (ЛОМА), пак, пред спомениците вбо Вермонт на сенаторот, новинар и писател со македонско потекло Стојан Христов и на генералот Џон Старк истакнаа натписи „Бојкотирам референдум“.






