Исмаили: Заев може да ја послуша ЕУ, да го откаже референдумот

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили во емисијата 200 на Алсат- М најавува дека Заев може да се откаже од евентуален референдум за името и дека прашањето треба да биде решено како меѓународен договор исто како со Бугарија.



-Да го ратификуваме договорот на начин како со Бугарија и да го решиме проблемот без да оставаме простор, ако оставиме простор на референдуми, прашањето не може да се реши, ова би било најдоброто решение, рече Исмаили.

На прашањето, дали може да се случи нов момент во кој премиерот Заев ќе се откаже од референдумот како идеа, Исмаили одговори дека според него последниот апел од ЕУ беше во оваа насока.

-Јас верувам дека последниот апел од Европската Унија е во оваа насока, вели Исмаили.