„Струмичката болница е дел од проектот ‘Добредојде бебе’ и најодговорно тврдам дека никогаш не се случило некоја родилка да биде вратена бидејќи не поседува некој документ“ изјавипретпладнево за Макфакс Наќе Гогов, директор на струмичката болница.



Тој вели дека известувањето за кое имаше бурни реакции на социјалните мрежи го ставил некој од вработените без да размисли убаво за содржината.

„Болницата на сите, без исклучок дали се венчани или не, во рок од 36 часа им издава извод на новороденчињата. Сметам дека известувањето беше протолкувано надвор од контекстот, но се согласувам дека не е соодветно напишано и утрово го тргнавме“, вели Гогов за Макфакс.0

Венчани напред, трудници стој!