Прашања на кои МВР ќе мора да одговори за џипот

Во врска со скандалот со џипот на МВР кој на Илинден бил возен во Грција за кој вечерва беа дадени делумни објаснувања, МВР должи неколку одговори.



Џипот на МВР бил во Грција, но службено

1. Кој е функционерот кој го користел службеното возило за службени задачи во странство?

2. Дали функционерот се вратил назад со полицискиот службеник или останал во Грција?

3. Дали во возилото освен функционер и полицискиот службеник кој го управувал имало и други неовластени лица?

4.Во колку часот се вратил на премин Богородица и дали полицискиот службеник бил сам во возилото?

5. Колку изнесуваат трошоците на службениот налог за патување во странство за државен празник.

6. На каква службена задача патувал функционерот со возилото, со кого се сретнал и што договорил.

Скандалот беше откриен вчера

МВР проверува дали службен џип се вози илегално по грчки плажи (ВИДЕО)