Директорот на ФИТР и сопругата згрижија детенце, сега имаат 4

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и неговата сопруга, Јован и Јана Деспотовски, по трите биолошки деца, згрижија детенце кое е без родителска грижа.



Иако, тоа е поголем ризик за нас како семејство, сметавме дека така е најисправно за сите. И така Иво дојде во нашето семејство како четврт член – вели мајката Јана Дуковска-Деспотовска во интервју за Мама365.

– Уште од самиот почеток на нашата врска со Јово се договоривме дека без разлика дали и колку наши деца ќе имаме, едно мора да посвоиме. Бидејќи имаме три биолошки, Андреј (11), Ана (8) и Нина (5), се одлучивме да станеме згрижувачко семејство. Со тоа, од една страна ќе помогнеме на едно оставено детенце, а од друга страна нема да го земеме редот на семејствата кои чекаат за посвојување на дете. Иако, тоа е поголем ризик за нас како семејство, сметавме дека така е најисправно за сите. И така Иво дојде во нашето семејство како четврт член – вели мајката Јана Дуковска-Деспотовска во интервју за Мама365.

Јован Деспотовски стана мета на критики на јавноста откако во јавноста пукна аферата со фондот за иновации во која беше откриено за парите кои фондот ги давал на фирми на функционери на владата и СДСМ.

Премиерот рече дека не бара оставки затоа што било тешко да се најдат кадри за државни функции.

За разлика од скандалот каде доби единица за овој потег, згрижување на бездомно дете, има чиста петка.