Иван Илчев, историчар и дописен член на Бугарска академија на науките (БАН), не е сигурен дека името Северна Македонија, според договорот од Нивици, ќе остане за западниот сосед на Бугарија.



„Името Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Таквите забелешки се претерани. Освен тоа, не сум сосем сигурен дека тоа име ќе остане. Поради случувањата во Грција“, изјави тој за телевизијата Бугарија он ер.

Ректорот на Универзитет „Свети Климент Охридски“ во Софија во два мандата од 2007 до 2015 година ја коментира и „заедничката историја“.

„Во учебниците во Македонија пишува потресувачки нешта! Нема бугарско образование во Македонија веќе 100 години. И за тоа време е предавано дека Бугарите им се најголемите душмани“, вели Илчев.