Популарноста на владејачката коалиција СИРИЗА-Независни Грци, опаѓа по сериозните грешки направени за време на справувањето со смртоносните пожари во источниот дел на Атика, кои однесоа 88 животи.
Резултатите од две анкети спроведени по трагичните настани, покажуваат дека за прв пат по изборите во 2012 година, популарноста на СИРИЗА е под 15 отсто, додека Алексис Ципрас „ станува политичка тежина за левицата“ пишува „“То Вима“.
СИРИЗА има поддршка под 12 отсто, а во областите погодени од смртоносните пожари, популарноста на владејачката партија има едноцифрена стапка, имено во Источна Атика не надминува 9 проценти .
Една од анкетите беше на барање на странска амбасада заинтересирана за случувањата во Грција, пишува весникот.
Меѓутоа, покрај Источна Атика, СИРИЗА исто така „тоне“ во северна Грција, бидејќи во повеќето од префектурите во Македонија стапките на популарност на владејачката партија се под 10 проценти, а во префектурата Кукуш – не надминува 8 проценти.
„Во истото географско подрачје, „Независни Грци“ доживуваат сериозен удар, бидејќи партијата на Панос Каменос има поддршка под 1 отсто.





