Шилегов и Зекири со тешки навреди за претседателот Иванов

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири му се нафрлија на „Фејсбук“ на претседателот Ѓорге Иванов, не бирајќи зборови за да го навредат по денешната прослава на Илинден.



„Се надевам дека Иванов ги слушна ‘повиците’ на неговите следбеници денес на Мечкин Камен.

Ако е таква ‘неговата’ Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам.

Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија.

На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа ‘шака јад’ околу Вас.

А ние?

Ние ‘ладно’ ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина.

Збогум ‘заобиколен’“, напиша Шилегов.

„Никогаш да не ни се повтори!!!
Последен срамен и идиотски говор на ФИКУСОТ
П.С Не знам како се чуствуваат тие што му помогнаа да стане претседател…“, порача Зекири пред да го репостира статусот на Шилегов на својот профил на „Фејсбук“.