„Ќе беше многу полесно ако немаше референдум и ако една генерација одговорни и храбри политичари, предводени од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, со одлуки на парламентите на Македонија и Грција го ратификуваа договорот и ја презедоа одговорноста за разрешување на повеќедеценискиот спор и на тој начин ги отворија вратите за мир, добрососедство, партнерство и за поддршка на македонските евроатлантските интеграции. Стратегиската цел од витален интерес не може да биде осудена бидејќи е историски оправдана. Таквата определба цврсто се потпира на Уставот и на законите бидејќи има телеолошка првна димензија кога целта (телеос) е од пресудно значење за иднината на државата и на граѓаните.
Толкувањата на запирките и на точките, на тежината на отстапките, во тој случај не држат вода бидејќи договорот е општ генерички поим кој опфаќа сè и чија реализација е остварување на фундаментална цел за иднината на државата“ вели Ризаов во колумната на „Независен“
За „Нeзависен’ до неодмна се зборуваше дека е весник кој се делел бесплатно и му се припишуваа наводни врски со Грција поради коинденцијата на имињата на менаџерот на „Независен“ со еден наводен дописник на државната грчка агенција АНА-МПА од Македонија.





