Членовите на Комисијата за надворешна политика од ВМРО-ДПМНЕ денеска не дојдоа на седницата која под итно ја закажа спикерот Талат Џафери.



Откако Милошовски ја откажа седницата за 23 август поради годишните одмори на пратениците, спикерот на парламентот ТалатЏафери ја „презакажа“ за денеска, а со седницата претседава Ивана Туфеѓиќ.

Но, на седницата, денеска не се појави ни Никола Димитров со што и четвртиот обид на  Никола Димитров, шефот на македонската дипломатија, да даде отчет пропадна, откако се одложи шеснаесетата седница на Комисијата за надворешна политика.

Претходно, претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, преку својот ФБ профил, предупреди дека потегот на Џафери претставува прекршување на законот.

„Денес во 11,30ч, по налог на Талат и Цветанка Иванова, Ивана Туфекџиќ, која не е претседател ниту заменик претседател на Комисијата, на диво, нелегално и спротивно на Деловникот ќе “води” седница на комисијата за надворешни работи, иако истата уредно е презакажана!
Ова беззаконие денес, создава опасни преседани за владеењето на правото во Македонија утре. СДСМ збори за европски норми и стандарди, а ги погазува законите на секое поле. Граѓаните со право се загрижени дека Собранието стана најголемиот прекршувач на Законите.
Зборувајте ми за демократија, закони и владеење на правото“, напиша Милошоски.