Хаос во Собранието, Талат како султан, Туфекџиќ прави пуч во КНП

Спикерот на Собранието Талат Џафери надвор од деловникот заедно со генералниот секретар на собранието Цветанка Ивановска прават упад во работата на законодавниот дом.



Тие за денеска во 11.30 закажале седница на Комисијата за надворешна политика која беше одложена за 23 август.

Комисијата наместо претседателот Антонио Милошоски ја води пратеничката на СДСМ Ивана Туфекџиќ, која не е претседател ниту заменик претседател на Комисијата.

“Пратеничката Туфекџиќ на диво, нелегално и спротивно на Деловникот ќе “води” седница на комисијата за надворешни работи, иако истата уредно е презакажана!
Ова беззаконие денес, создава опасни преседани за владеењето на правото во Македонија утре. СДСМ збори за европски норми и стандарди, а ги погазува законите на секое поле. Граѓаните со право се загрижени дека Собранието стана најголемиот прекршувач на Законите.
Зборувајте ми за демократија, закони и владеење на правото. #Бојкотирам!”, пишува претседателот на комисијата кој воопшто не бил информиран дека спикерот Џафери врши упад и му ги одзема ингеренциите како претседател на комисијата.

Милошоски предходно закажа седница за 23 август

Од независноста во Собранието не се случило спикер да закаже седница на комисија на ваков начин со прескокнување на жив, здрав и присутен во земјата претседател на комисија на Собранието без тој да биде информиран.

Причината за ваквиот чекор на Џафери и Цветановска е лошиот имиџ на власта која ги крие транскриптите од средбите на државниот врв на кои се разговарало за името.

Џафери и Цветановска не дозволија овие тајни документи да бидат дадени на пратениците во комисијата.