Два нови случаи на вирусот „Западнонилска треска“ се регистрирани грчката област Централна Македонија, со што вкупниот број достигна шест, објави новинска агенција АНА-МПА.



Од почетокот на летната сезона, 22 случаи на вирусот се пријавени од страна на Центарот за превенција за болести (KEELPNO) во целата земја, врз основа на последните податоци објавени на 26 јули.

„ Од претпазливи причини две лица се лекуваат во болница“, изјави за АНА-МПА Димитрис Хаѕивретас, заменик-регионален гувернер за Централна Македонија, одговорен за јавното здравство.