Тешка сообраќајна незгода се случила синоќа на булеварот Партизански одреди откако црно ауди со скопски регистерски таблички со голема брзина му го пресекло патот на полициски конвој кој се движел по булеварот кон полициската станица во Ѓорче Петров.
Во сообраќајката се повредени 8 припадници на Посебната единица за поддршка, кои со возила на брза помош и на сведоци биле префрлени на скопските клиники и во градската болница.
Очевидци велат дека аудито чиј возач не е повреден на крстосницата минало на црвено и ја игнорирало ротацијата, пишува Вест. Возачот на аудито не е повреден а за предизвиканиот инцидент ќе добие соодветни пријави од МВР.





