Ги повикувам сите граѓани на ?? да го искористат нивното демократско право да гласаат. Се работи за нивната земја и нивната иднина, порача вечерва еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој наместо Македонија во обраќањето го користеше знамето на земјата.
“Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум на 30 септември за историскиот договор за името меѓу ?? и ??. ЕУ го поддржува договорот и неговата имплементација како симбол на помирувањето и добрите односи меѓу соседските односи во регионот”, напиша Хан на Твитер.





