65 годишен маж е приведен како главно осомничен за пожарите на полуостровот Атика минатиот понеделник, во кој загинаа 91, а како исчезнати се водат 25 лица.
Според грчката телевизија „Скаи“, уапсениот кој е жител на Атина, палел трева и суви гранки на брдото над Дао Пентели, а поради високите температури и силните ветрови пожарот брзо се проширил.
Според нерговите соседи, осомничениот, чиј идентитет не е соопштен, и порано палел, смет и суви гранки, а против него сведочеле 9 лица, јави МИА.





