Џејсон Мико прозива висок претставник на амбасадата на САД во Скопје

Екс македонскиот лобист во САД Џејсон Мико на Твитер јавно го прозива шефот на одделот за политички и економски прашања во амбасадата на САД Давид Стивенсон.



Според Мико, Стивенсон наводно веќе дал оставка во американскиот Стејт Департмент и продолжува да живее и работи во Скопје каде се прикажува како “стратег”.

Мико во тој контекст прашува за кого сега работи Стивенсон и кои се неговите планови и цели додека живее во Македонија.

“Искрено љубопитен”, пишува Мико кој до доаѓањето на СДСМ на власт беше македонски лобист во Вашингтон.

Според веб сајтот на амбасадата на САД во Скопје Стивенсон се уште се води како шеф на одделот за политички и економски прашања а на неговиот профил пишува дека е “стратег”.