Договорот не ги спаси Македонците од грчката црна листа

Договорот за името и за стратешко пријателство и мерките за доверба кои што се спроведуваат откако министер за надворешни работи беше Никола Димитров не се од помош за македонските државјани на грчката црна листа.



На оваа листа според грчки безбедносни извори има стотина луѓе.

Дел од нив се лица поврзани со криминал, луѓе кои се фатени во шверц со мигранти и друга луксузна стока а дел се непожелни на грчка територија поради политички причини.

На листата има и повеќе македонски интелектуалци, новинари, естрадни уметници и активисти кои што се сметаат за опасност по грчката држава и кои не можат да стапнат на грчка земја.

Во договорот со Грција овој проблем не е нотиран ниту пак некоја од страните досега даде изјава на оваа тема.

И покрај формалната заложба на македонските и особено грчките власти за почеток на ера на пријателство и соработка некои македонски граѓани се уште не можат да се ослободат од грчките дискрециони права според кои некои интелектуалци кои зборуваат за реалната состојба отворено се опасни за членката на НАТО и ЕУ.