Адвокатската комора на Србија најави дека од утре, 30 јули, целосно ќе ја суспендира работата за една недела, по синоќешното убиство на адвокатот Миша Огњановиќ, кој своевремено го пранеше брачниот пар Милошевиќ.
Донесена е одлука да се даде и парична награда за лицето кое ќе обзбеди веродостојни информации за сторителите на тоа кривично дело.
„Убиството на адвокат Мише Огњановиќ на најдрастичен начин покажува во какви околности адвокатите во Србија ја вршат професионална дејност. Ова убиство е само последниот во серијата напади врз голем број на адвокати, од кои голем број с’е уште останува нерешен“, објавија од адвокатската комора.




