Албанската полиција соопшти дека е уапсен македонски државјанин, со живеалиште во Косово, поради недозволена трговија со оружје и муниција.
Според полициското соопштение, уапсен е Илбер Сума (32) родум од Скопје, сега жител на селото Димце, општина Хан Елези, Косово.
Уапсениот И.С. според албанската полиција, оружјето и муницијата нелегално ги внесол од Македонија, со цел во Елбасан да ги продаде по 500 евра за парче (по пиштол), дознава „Сител“.
Веста е само по себе неверојатна зашто, барем во Алвбанија, нема недостиг на оружје.
При „масовните немири во пролетта 1997 година во Албанија“ од воените складишта беа украдени над 700 000 различни видови на оружје и над 1,5 милиони муниција
Огромниот дел од ова оружјјеи муниција беа пласирани нелегално во Косово.




