Се мислат што да го прашаат народот на референдум!

Извесно е дека во понеделник Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот за договорот со Грција.



Премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери најавија дека до 30 јули референдумот треба да биде распишан за тој да се одржи на 30 септември.

Лленовите на новоизбраната ДИК во понеделник во парламентот ќе дадат свечени изјави, се создадоа и формални услови за организирање на референдумот.

Меѓутоа, како што се дознава, с“е уште водат разговори со цел да се постигне договор меѓу парламентарните партии околу тоа како треба да гласи референдумстото прашање.

Премиерот Зоран Заев веќе го објави можното референдумско прашање  ,,Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција за името“.

Недоумица е дали референдумот ќе биде консултативен, иако Уставот не познава такво нешто, односно што ќе се се случи доколку на референдумот не излезат 50 отсто+1 од регистрираните гласачи во Македонија.