Асанж ќе мора да си оди од амбасадата на Еквадор во Лондон!

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж најаверојатно ќе мора да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живее под политички азил од 2012 година, изјавил претседателот на Еквадор Ленин Морено денеска во Мадрид, објави Ројтерс.



Изјавата следи по извештајот на „Сандеј тајмс“ минатиот месец во кој се тврди дека Еквадор разговарал со официјални претставници на Обединетото кралство за иднината на Асанж.

Оттогаш се појавија шпекулации дека неговиот престој во амбасадата може да заврши.

Основачот на Викиликс стравува дека тој ќе биде екстрадиран во САД поради дистрибуирањето  американски владини тајни преку „Викиликс“.

Морено неодамна за Асанж рече дека е „хакер и наследен проблем“.

1.300 граѓани на Нов Зеланд деновиве потпишаа петиција со која бараат властите на оваа земја да му дадат азил на Асанж.