Македонија има 2.075.300 жители!

Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат објави податок според кој во Македонија, во јануари оваа година, имало 2.075.300 жители.



Споредено со истиот месец во 2017 година, кога популацијата во Македонија била 2.073.700, тоа е зголемување од помалку од 2 илјади луѓе.

Македонија нема спроведено попис од 2001.