Статус на денот: Мицковски – Партиите станаа бизнис фактори

Новинарот Ивор Мицковски со свој став за промените на законот со кој се финансираат партиите:



Е па другари, ај вака да си честитаме што партиите си донесоа измени во Законот за финансирање на партиите.

Ајде што си го зголемија енормно државното финансирање за нивните активности, гледам никој не трза на темата. Сфаќате дека наместо пример 2 милиони евра, ќе добиваат по 5.

Дечките си додале дека можат да стекнуваат право на сопственост и на земјиште.

Тука се поставува прашање, што е со правата кои сопственикот ги црпи од сопственоста на земјиштето?

Дали партиите ќе можат да прават дилови со бизнисот и да влегуваат во заеднички инвеститорски потфати? Дали ќе можат да садат земјоделски производи на своето земјиште?! Ќе стане ли Мамас дел од партијата? Ќе садат ли марихуана? Ќе јадеме ли органски партиски зеленчук?

Но, да се уозбилам, што се случува со пасиштата и нивите кои ВМРО наголемо ги купуваше? Се легализира ли таа огромна народна пљачка?
Како што гледате многу прашања.

Но, тоа што генерално иритира е што овие измени се сведуваат на менување членови во кои само партиите црпат права, но не се унапредува слабата законска регулатива во делот на нивните обврски, особено не во делот на нивната одговорност.

И нашиот драг премиер ова им го дозволи на ВМРО, си го дозволи, да се изедначи со криминалците, зад грбот на народот, на грбот на народот.

Ивор Мицковски, ФБ статус