Иранска порака до Трамп: Ти ќе започнеш војна, ние ќе ја завршиме

Тензиите меѓу Иран и САД се зголемуваат со молскавична брзина , по заканите на Вашингтон до Техеран дека ќе наметне блокада на трговијата со нафта.



Генерал Касем Сулејмани, шеф на елитна бригада на Иранската револуционерна гарда, му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговите сили се „подготвени да се соочат со САД“ доколку Трамп продолжи со заканите дека Иран ќе претрпи последици „какви што малку кој во историјата досега доживеал“.

„Ќе ја започнете таа војна, но ние ќе бидеме оние што ќе а завршат“, додаде највисокиот ирански генерал.