Целосно да се укине косовската одлука за зголемените царини, побара вчера по состанокот во Белград со своите колеги од Србија, Црна Гора и Босна, министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Косовските власти се согласија да ги укинат за 30 отсто повисоките камати за увоз на дел од земјоделските производи.
Но, доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите и малините, се уште се опфатени со времената одлука на Косово за зголемени царини, а токму на нив отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.
За утре е најавено дека министерот за економија Крешник Бектеши ќе го посети Косово а токму царините ќе бидт тема на разговор со домаќините.





