Европската комисија изрази подготвеност, со документ, да им понуди на земјите членки на ЕУ по 6.000 евра за секој бегалец што би го примила, и со тоа да ги поттикне земјите да ги почитуваат меѓународните обврски.
ЕК ,во вториот документ се занимава со разликите помеѓу „контролните центри“ и „излезните центри“ кои ги предлага за управување со миграциските текови, дознава НОВА ТВ која се повикува на агенцијата МИА во Брисел.

Контролните центри би биле сместени во земјите членки на ЕУ, додека излезните центри би било во соработка со трети земји, а за секој мигрант ЕК ќе плати по 6.000 евра.
„Излезните центри, пак, имаат за цел да обезбедат безбедни излезни точки од двете страни на Медитеранот за спасените лица“ пренесува НОВА ТВ со објаснување дека „Токму за овие излезни центри ЕУ бара партнери во третите земји, но до сега ниту една земја не прифатила“.
Од ЕК изјавиле дека Македонија и Балканот не се дел од плановите за овие центри.





