Вчерашната лидерска беше „секс без ор*азам“, вели Героски

Во својата денешна колумна, новинарот Бранко Героввски констатира дека „лидерските средби служат партиските ‘органи да си се видат, да одглумат партија ‘жесток секс’, но на фаците на лидерите се гледа дека никој не доживеал „оргазам’ во текот на сеансите. Големите одлуки сепак не се носат на вакви смешни матинеа“.



За оваа паралела на вчерашната лидерска од која имаше многу очекувања, Героски бил инсппириран од негови пријатели Бугари, кој деновиве (!:) му раскажале стар, добар виц, од „б’лгарски происход“.

Според Героски , вицот оди приближно вака:

„После долги години, се сретнале двајца љубовници од младоста, сега веќе баба и дедо. Им се разгалиле душите и решиле уште еднаш да пробаат со „онаа“ работа да се потсетат на младоста. Се потрудиле половите органи да ја оправдаат довербата на старите љубовници, се мачеле, се мачеле, ама без успех. Годините си го направиле своето.

‘Е ако – рекла бабата – барем си се видоа после долго време“, е кулминацијата на вицот кој го потсеќа Героски за исходот од лидерската средба вчера во Клубот на пратеници на која не беше постигнат договор за референдуот, и потсетува „ Одлуките за тоа како ќе тече процесот нема да се носат на лидерски средби…“раскажа Героски.

Што и да значи тоа…

Целиот текст тука