На лидерите тешко им оди со референдумското прашање

Лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и на движењето Беса водат тешки преговори околу референдумот за договорот со Грција што, како што најави власта, би требало да се одржи на крајот на септември или во првата недела во октомври.



Според лидерот на ДУИ од структурата на прашањето за референдумот во голема мерка ќе зависи и неговата организација и успешност.

Ахмети вели дека е разочаран од опозицијата која не покажувала сенс за државнните интереси.

ДУИ бара да се имаат предвид државните интереси, а тоа е членството на земјата во НАТО и ЕУ и тоа ќе го браниме до крај, рече лидерот на ДУИ.