Спикерот на парламентот, Талат Џафери, за „Макфакс“ изјави дека очекува на денешната седница која ќе траедоцна во ноќта да биде избрана новата Државна иборна комисија.



Џафери ќе биде отсутен до 28 јули, поради што биле известени навремено сите пратеници и затоа во идните неколку часови треба да се закаже и Комисијата за избори и именување, каде ќе се утврдат кандидатите кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК.

За членови за ДИК се пријавиле 41 кандидат. На пленарната седница Државната изборна комисија ќе се гласа со двотретинско мнозинство, согласно со стариот закон.