„Македонија“ само на трговските производи од Грција!

Претседателот на Здружението за индустрија на Северна Грција (SBBE), Атанасиос Савакис, вели дека името „Македонија“ за трговските марки ѝ припаѓа исклучиво на Грција, пренесува „То Вима“.



Савакис вели дека Здружението обезбедува правна и процедурална поддршка за секоја грчка компанија во процесот на заштита на трговска марка со овој термин.

Во интервју за АНА-МПА, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера изјави дека откако ќе  стартува договорот од Преспа и кога ќе биде ратификуван, производите од соседството ќе се нарекуваат производи од Северна Македонија.

„Бизнисмените во Солун, на конференцијата на премиерот, го поздравија договорот, вели Коѕијас, а тоа го сторија зашто сфатија дека тие производи одеднаш ќе се нарекуваат производи од Северна Македонија, рече Коѕијас.