Платите во Србија повисоки од Бугарија, Босна, Македонија…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се пофали дека неговата земја веќе ја надмина Бугарија во однос на просечните плати.



Во моментов во Србија платата е 424 евра. Ги престигнавме Бугарија и Босна и Херцеговина. Зад нас се Албанија и Македонија.

Следните земји се Унгарија и Романија, рече Вучиќ.

Во однос на Хрватска, српскиот претседател рече дека во 2002 година просечната плата во Хрватска изнесувала околу 700 евра, а во Србија само 146  и дека драстично е намалена  разликата. Наскоро просечната плата во Србија ќе изнесува околу 465 евра, рече тој.

„Денес сме во многу добра состојба, а нашата економија напредува со постојано темпо. Ја намаливме невработеноста. Платите и пензиите се зголемуваат“, рече Вучиќ, како што пренесе PTC.