Екс министер на Груевски потпишал за парите на Анѓушев и Локвенец

Откако директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски на Твитер објави дека тој и неговите соработници се чисти затоа што конечната одлука за  тоа кој ќе добие пари ја донела пет члена комисија составен од странски државјани на виделина излегуваат поинакви информации.



Членови на групата кои ги контактирала Алфа телевизија велат дека тие не знаеле дека меѓу апликантите има и пратеник и вицепремиер и дека да знаеле дека даваат пари на вицепремиер и пратеник од владеачката пертија немало да се согласат со тоа.

Тимот за одобрување  во состав Кларис Бехар Молад, Авинаш Сахи, Доналд Луис ЏР, Николаос Георгулас и екс министерот во владата на Никола Груевски , Глигор Ташковиќ работеле во исклучително тешки услови , тие морале за кратко време да анализираст над 200 апикации и да донесат одлука кој ги исполнува условите. 

Тимот во досиеата имал пристап до сопственичката структура на апликантите фирми но никој во владата не им кажал дека меѓу нив се вицепремиер и пратеник од владеачката партија.  Според нив речиси невозможно е без сугестија од фондот дека меѓу сопствениците на фирмите има функционери тие да ги проверуваат сите сопственици на фирмите кои што барале пари.

Кај барањето на фирмата на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец неговото име стои меѓу другите сосптвеници но таму не пишувало дека тој е пратеник.

Кај апликацијата на фирмата на вицепремиерот Анѓушев не стои неговото име туку само фирмата Брако чиј сопственик е тој но тимот за апликација не знаел дека се работи за фирма на вториот човек во владата. 

КаЈ Анѓушев е спорно и тоа што во документацијата нема потписи на луѓето кои што го протнале вицепремиерот од втората во третата селекција со што е нарушена процедурата.

“Да знаевме  дека се работи за вицепремиер на актуелна влада и пратеник на владеачка партија никогаш немаше да потпишеме затоа што тоа не е принципиелно и чесно и се граничи со корупција”, вели член на тимот за одобрување на средствата  од фондот за иновации кој инсистира на анонимност.