Доколку премиерот Заев опстане на ветувањето дека ќе има непристрасна ревизија на судир на интереси во тендерите во кои владата доделуваше пари на фирми на владини функционери и пратеници на СДСМ, најмалку двајца високи членови на владеачката партија може да завршат в затвор, објави ТВ Алфа која проценува дека ако нема политички влијанија речиси извесно е дека ќе се докаже дека постои судир на интереси за што следуваат затворски казни.
Во Кривичниот Законик на Република Македонија јасно и прецизно е предвидено казна затвор за сите оние кои го прекршуваат Законот за судир на интереси. Според Член 353-в од Кривичен Законик на Република Македонија, Став (1) односно (3) –
“Службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа за себеси ќе прибави или за друг значителна имотна корист или нанесе значителна штета, ќе се казни со затвор од најмалку 3 години, пишува во законот.
Со оглед на тоа што вицепремиерот не крие дека е сопственик на фирма која добила пари од владата која ги именувала и странските експерти кои ја донесле финалната одлука на Кочо Анѓушев му се заканува казна затвор од најмалку 3 години. Дополнителен проблем за Кочо Анѓушев, и Јован Деспотовски директорот на фондот за иновации кој е именувавн од владата е што тие двајцата заедно со премиерот Заев се потпишани на грантовите, односно чековите кои што ги добиваа фирмите.





