Потпретседателката на бугарската Влада, Илијана Јотова, смета дека секој Македонец што поседува бугарски пасош е Бугарин.
Добивањето бугарски пасош не е само поседување документ да туѓа држава, порача Јотова на прес-конференција за време на посетата на Скопје.
Според бугарските официјални извештаи, досега над 71 илјади Македонци добиле бугарски пасош.
Бугарската влада најави дека наскоро ќе почне постапка сите овие лица да добијат и бугарско државјанство.




