До 8-ми јули, регистрирани биле 24.000 нови пристигнувања на имигранти и бегалци во Грција, што е зголемување за 122 отсто во споредба со истиот период минатата година.



Од почетокот на годината, бројот на бегалци кои се обиделе илегално да преминат од Турција во Грција преку реката Еврос драматиќно се зголеми, а бранот може да биде поголем доколку, поради економската ситуација во Турција, тие мигранти што сега работат и престојуваат во таа земја, се упатат кон балканската рута.

Ситуацијата во балканските земји останува напната, и покрај неодамнешното пренасочување на мигрантскиот бран кон Шпанија.

Според Гералд Такерн од австриската Служба за кривични истраги, која е специјализирана за гонење на трговците со луѓе, околу 60.000 луѓе сега се „заглавени“ на Балканот.

„Тоа се луѓе кои подолго ввреме престојуваат таму, но исто така и мигранти кои неодамна пристигнаа низ Грција“, вели експертот, како штопренесува германската агенција ДПА.

Повеќе од 8.000 бегалци и имигранти пристигнале во Босна и Херцеговина од почетокот на годинава, осум пати повеќе отколку во 2017 година. Само во последниве недели бројот на новодојденци е над 3.000.