Османи: Да се фокусираме на спроведување на договорот со Грција

„Во наредниот период треба да се фокусираме на спроведување на договорот со Грција, но и за итни реформи што треба да се направат за да ја подготвиме нашата земја за пристапни разговори“, изјави Бујар Османи, заменик-премиер на ФИРОМ задолжен за европски прашања во интервју за грчкиот весник „Етнос“.



Османи го опиша договорот како „фер компромис на двете страни“, од кои многу аспекти „остануваат да се утврдат во пракса и со добра волја да се оди напред“.

„Приклучувањето кон ЕУ и НАТО ќе го стабилизира регионот и потенцијално ќе ги активира сличните процеси во Западен Балкан“, рече Османи за „Етнос“ како што пренесува АНА-МПА.